Свет
29. January 2017 - 13:54

Германија: Социјалдемократите го избраа Шулц за противкандидат на Меркел

Раководството на Социјалдемократската партија на Германија денеска едногласно го избра поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц за противкандидат на германската канцеларка Ангела Меркел на претстојните избори. 

Оваа одлука ќе биде формално потврдена на 19 март. 

Парламентарните избори во Германија ќе бидат одржани на 24 септември.