Бизнис
6. јуни 2017 - 20:15

Германија со мини маршалов план за земјите од Западен Балкан кои долго чекаат влез во ЕУ

Германија подготвила еден вид “мини Маршалов план” за Западниот Балкан кој би бил компензација за долгото чекање на овие земји за влез во Европската унија.

Повикувајќи се на дипломатски извори, Вечерње новости пишува дека Берлин планира во следнииот период економски да го зајакн е регионот така што ќе побара од Европскиот совет да одобри псебен фонд за балканските држави.

Идејата е со крупни инфраструктурни вложувања за кус рок од само неколку години регионот да се претвори во економски атрактивен простор.

Меѓу целите на планот, нарекуван и “Берлин плус”, е Западниот Балкан да се премережи со автопати и други инфраструктурни врски, како и да се одвојат средства за поттикнување на нови бизниси.

Во фондот би учествувале сите земји од Европската економска зона, а унијата на овој начин би добила обучени работници и технолошки подготвен регион.

Економските експерти во идјеата препознаваат еден вид развојна банка од која Македонија би имала бенефити.

Дипломатските извори потенцирале дека со специјалниот фонд би се прескокнале неколку неизвесни години во кои, притисната од внатрешни кризи, ЕУ не планира да се шири.

Од друга страна тој би помогнал да се намалат тензиите во безбедносно важниот балкански регион.

Детали за планот се очекуваат во јули кога во Трст ќе се одржи самитот за Западен Балкан.