Loading Video...
Тенис
5. January 2018 - 16:22

Германија против Швајцарија во финалето на Хопман купот

Селекцијата на Германија е вториот финалист на тенискиот Хофман куп што се игра во Перт, а е увертира во првиот Гренд-слем турнир годинава Австралија опен.
 
Германската комбинација Кербер-Зверев во меч од последното 3.коло во А групата ја совладаа селекцијата на домаќинот Австралија со 2:1 во победи. 
 
Германците поведоа со 1-0 откако Анџелик Кербер во два сета со 6-1 и 6-2 ја совлада Дарија Гаврилова (АУС)
 
Домаќините израмнија со победата на Танаси Кокинакис кој дуелот против Александар Зверев го доби со пресврт, односно првиот сет го загуби со 5-7, но следните два ги доби со 7-6 и 6-4. 
 
Решавачкиот меч во двојки го добија Германците со 2-1, со што го обезбедија првото место во групата, а со тоа и пласман во финалето во кое за противник ќе ги имаат Швајцарците, Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ. 
 
Финалниот дуел на програмата е во сабота (6 јануари).