Loading Video...
Свет
20. November 2017 - 17:15

Германија пред политичка криза, Меркел не успеа да состави коалициона влада

Канцеларката Меркел не успеа да ја формира новата коалициска влада во  Германија. По пет недели преговори, демохристијаните, слободните демократи и зелените  не ги надминаа несогласувањата околу миграцијата и заштитата на животната средина.

- Ние нема да ги напуштиме нашите гласачи со поддржување на политиките за кои навистина не сме убедени. Подобро е да не владееес отколку да правиш погрешно, порача Кристијан Линдер лидер на слободните демократи ( ФДП)

Политички земјотрес  во кој канцеларката доживеа голем удар е  коментираат на  германските медиуми, по неуспешените преговори.  По состанокот на Меркел со претседателот Штајнамер ќе биде појасно во која насока ќе се движи најмоќната европска економија.   

-Сега треба да се справиме со фактите. Факт е дека не можевме успешно да ги завршиме разговрите за коалција. Како канцеларка ќе направам  се да се осигурам дека оваа земја  е добро управувана во тешките седмици што доаѓаат, истакна Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Според Уставот, претседателот Штјанмаер  треба на пратениците да предложи кандидат  за местото канцелар. Има рок од седум дена да одлучи дали ќе ја предложи Ангела Меркел која би водела малцинска  влада или ќе го распушти Бундестагот и ќе распише нови избори, кои според многумина   ќе доведат до дестабилизација на Германија и на Европа. 

Доколку  има нови избори екстремната десница би имала најмногу корист  велат аналитичарите.  На септемврските  Алетрнатива за Герменија забележа историски успех кој и овозможи влез во Бундетагот со речиси 13 отсто.