Свет
2. February 2016 - 13:44

Германија повторно го урна рекордот во бројот на вработени

Нивото на невработеност паднало на рекордно ниско ниво во јануари и покрај приемот на над еден милион бегалци во последните 12 месеци.

Невработеноста во најголемата европска економија се опоравува покажуваат анализите на германските статистичари кои што забележале дека бројот на невработени се намалил за 0,1 од 6,3 % во Декември на 6,2 % во Јануари.

Нивото на невработеност мерено како однос меѓу вкупниот број невработени и целата популација паднало за 20 илјади и дошло на рекордното ниво од 2,732 милиони во првиот месец од 2016 година, објави Федералната канцеларија за вработување.

Според голем дел од аналитичарите огромниот број на бегалци требаше да го засити и пазарот на работна сила но благодарение на растот на економијата од 1,7% и зголемента потрошувачка невработеноста е на рекордно ниво.

Баварскиот економист Јоханес Мејр вели дека не се остварија предвидувањата за намалување на невработеноста поради приливот на бегалците а состојбата не ја променило ниту поради минималната плата.

Во споредба со другите европски земји Германија има убедливо најниско ниво на невработеност. Втората најголема економија во ЕУ има невработеност на ниво од 10,2 процетни а најмногу невработени имаат Грција (24,5 %) и Шпанија (20,8 %)