Свет
8. July 2020 - 16:24

Германија: Повлекувањето на САД од СЗО е спротивно на меѓународната соработка

Повлекувањето на САД од Светската здравствена организација (СЗО) претставува „спротивност на меѓународната соработка“, оцени денеска германската Влада.

– Глобалната епидемија ни покажува дека е неопходна поголема меѓународна соработка за борба против епидемијата, а не помала, истакна портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера официјално ги повлече САД од СЗО, која ја обвинува за лошо управување со пандемијата на новиот коронавирус, а мерката стапува во сила на 6 јули 2021 година.

САД се најголем одделен финансиер на СЗО со околу 450 милиони долари годишно.