Германија повлекува цел вод војници од Литванија поради расизам и антисемитизам
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер нареди итно повлекување на целиот вод од 30 војници од Литванија по обвинувањата за расизам и антисемитизам.
Неделникот „Шпигел“ во понеделникот јави дека неколку членови на Бундесверот, стационирани во Литванија, пееле расистички и антисемитски песни на една хотелска забава во април.
Весникот додава дека еден од нив се обидел сексуално да злоупотреби друг војник додека спиел, за што има видео.
Крамп-Каренбауер изјави дека ваквото однесување на некои војници во Литванија е „шлаканица во лице на секој кој секојдевно и служи на земјата во Бундесверот “.
Војниците денеска се враќаат во Германија, каде минатата недела почна истрагата за однесувањето на војниците во Литванија.
Германските трупи се наоѓаат во Литванија како дел од активностите на засилено истурено присуство на НАТО.
Ново на Сител
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис