Свет
29. January 2016 - 17:33

Германија потврди пет случаи на заразени од вирусот зика

Германското Министерство за здравство потврди постоење на пет случаи на заразени од вирусот зика во периодот од октомври 2015 година до јануари годинава. 

Признанието на германските здравствени власти доаѓа откако Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вирусот се шири со експлозивна брзина.

Вирусот создаден од комарци е поврзан со зголемен број на бебиња родени со аномалии. Иако засега нема научна формална потврда за поврзаноста на овие случаи со вирусот СЗО смета дека има основано сомнение за влијанието на Зика врз заболените.

опасниот вирус најпрвин се активираше во Јужна и Средна Америка по што започна да се шири во Јужна Азија и Сад по што е забележан и на Европскиот континент.