Германија: Поради вирус кај ученик во изолација цело одделение
Само неколку дена по почетокот на новата учебна година, ученици од училиште во Берлин беа испратени во самоизолација, затоа што еден ученик е позитивен на новиот коронавирус.
Патем, новата учебна година во Берлин почна во понеделникот.
„Бидејќи заразениот ученик го испративме дома по еден час, и добро ја вентилиравме училницата, ризикот од инфекција е мал, но сепак постои“, објаснуваат од училиштето во Берлин-Целендорф и додаваат дека целата паралелка е во домашна изолација.
Во писмото до родителите се вели дека училишната администрација е во контакт со надлежната здравствени власти, кои ќе го повика секое засегнато семејство и дека треба да бидат во близина на телефон заради повик.
Укажуваат е дека е важно децата дотогаш да немаат контакт со други лица, но не е наведено за кој период е валиден и дали ќе бидат потребни тестови.
Во едно училиште во Берлин-Ноуклин, кај родител на ученик кој се вратил од одмор во странство е пронајдено присуство на вирусот.
Tој родител, како што беше најавено, помогнал во подготовките за новата учебна година и за време на нив имал контакт со осум други лица, наставници и домарот. Сите тие луѓе сега се во карантин, соопштија од училиштето.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда