Ракомет
31. January 2016 - 19:11

Германија нов европски првак во ракомет

Репрезентацијата на Германија е новиот Европски шампион.
 
Германците во финалето на континенталното првенство ја победија Шпанија со 24-17 и по втор пат го освои шампионскиот трофеј, откако „панцирните“ беа најдобри на првенството во Словенија 2004-година. Шпанците пак, за кои ова беше четврто финале остануваат без трофеј на Европските првенства.
 
Во дуелот со 3.место селекцијата на Хрватска ја совлада Норвешка со 31-24 и го освои бронзениот медал.
 
Шампионот директно обезбеди пласман на ОИ во Рио летово, додека заедно во вице-првакот и освојувачот на бронзата, обезбедија и учество на следното СП во Франција догодина.