Свет
14. September 2015 - 14:29

Германија не ги затвора вратите за бегалците

Германија не ја затвора вратата за бегалците, дури и ако воведува гранични контроли, изјави денеска портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Штефан Зајберт појасни дека воведувањето драстични мерки било нужно за да се воведе ред во процедурата за барање и доделување азил.

- Привремените гранични контроли не се исто што и затворањето граница. Тоа е целосно поинаку. Бегалците и натаму ќе доаѓаат во Германија, но ние се надеваме дека нивното пристигнување ќе се случува на поуреден начин, истакна Зајберт.

Тој вели дека ваквата мерки била неопходна и од безбедносни причини за властите да можат да ја регистрираат секоја личност која ќе дојде.