Бизнис
2. May 2018 - 18:49

Германија не е загрижена од економското забавување во Европа

- Забавувањето на растот на европските економии сепак не ја загрижува Европската централна банка. Германскиот претставник во ЕЦБ Јенс Вејдман денеска изјави дека остануваат реалистични плановите да се зголеми каматната стапка на ЕЦБ во средината на следната година.

Вејдман исто така ја отфрли загриженоста околу најавениот крај на програмата за „квантитативно олеснување“ на ЕЦБ, со која банката директно ја помага економијата на членките на Еврозоната со купување акции на европските берзи.

- Мислам дека загриженоста е претерана, изјави Вејдман на конференција во германскиот град Манхајм