Свет
20. July 2018 - 16:44

Германија: Напаѓач со нож повреди најмалку 14 лица во автобус во Либек

Најмалку 14 лица се повредени кога маж ги нападнал во автобус во германскиот град Либек, од кои две лица се со посериозни повреди.

Полицискиот портпарол соопшти дека напаѓачот е приведен, а властите се уште го истражуваат мотивот за нападот.

На местото на настанот има голем број полициски и возила за брза помош.