Свет
11. January 2017 - 10:01

Германија на пресвртница, Меркел на маки

Глас Славоније - Осијек

По последните настани во Европа и светот, а посебно по нападот на божиќниот панаѓур во Берлин и низа други терористички напади во Германија, германската канцеларка Ангела Меркел е соочена со најтешкиот испит на својата популарност.

Во својата видео порака за Божик таа не ги потенцира само „среќните и благословени празници”, туку и ги повика сите Германци и сите германски граѓани на заеднички напор. Тој напор, рече Меркел, не е насочен само на отежнатите услови во стопанството, туку и напори за јакнење во потреба за сите.

Германија, како водечка економска, но и политичка сила во Европа треба да направи уште многу работи. Пакети мерки веќе се подготвени, бидејќи како што рече „пред нас е година на предизвици”. Првиот пакет кој се однесува на планирање на идните мерки за поттик, ќе биде покренат во јануари. Секако дека тука посебно мисли на отворање на нови работни места во вториот пакет, бидејќи Германија има за цел да се најде на подобра позиција по општата криза во светот.

Тој пакет треба внимателно да се подготви бидејќи тоа е предуслов на модерна Германија во 21 век и на предизвиците на глобализацијата. Нејзините изјави всушност се предупредување дека инвестициите во иднина се многу важни.

Можеби некои аналитичари очекуваа повеќе за тоа што и како да се направи во заштита на граѓаните од тероризмот, но германската канцеларка за тоа зборуваше во неколку наврати, посебно по терористичкиот напад во Берлин и ликвидацијата на Анис Амри во Милано.

Германската јавност е поделена околу прашањето за „опстанокот” на Ангела Меркел на функцијата канцелар по изборите, кои ќе се одржат идната година. Иако доби поддршка од својата Христијанско демократска унија (ЦДУ), како и од сестринската Христијанско социјална унија (ЦСУ), како и по личната одлука за кандидатура, според некои аналитичари, во 2017 може да се случи изненадување.

Можеби нејзината порака за Божик и насоченоста во решавањето на економските проблеми и зголемување на вработеноста, всушност може да биде сигнал на гласачите дека стопански силната Германија е сигурен браник за дојденците, терористите и анархистите.

Од друга страна, во јавноста се повеќе јакнат екстремно левите и десните партии, кои проблемот околу бегалците го користат како модус вивенди во докажување на пропустите на Ангела Меркел, кога ги повика бегалците и им ја отвори Германија.

Додуша многу луѓе не сфаќаат во што е сржта на нејзиното „повикување” на мигрантите и зошто Меркел го направи тоа. Една од важните причини е и сознанието дека Ангела Меркел е дојдена од поранешната Демократска Република Германија (ДДР) и дека сите години до падот на Берлинскиот ѕид се соочувала со бранови бегалци сонародници кои барале „сигурен пат на Запад”.

Многумина како да ги заборавиле и сликите од телевиските екрани на кои се гледаат Германци, кои како гроздови се беселе на композиции на возови во кои барале спас.

Многумина заборавиле како Унгарците ја отворија својата граница за тие германски бегалци од поранешната ДДР. На Ангела Меркел сигурно тие слики и биле и се уште и се пред очите кога ги гледа денешните бегалци кои доаѓаат во Европа.

Германија со Ангела Меркел на чело или без неа, прашање е на одлука на германските гласачи.

Поминаа повеќе од 25 години откако тие исти Германци и таа иста Германија ги прифати бегалците од Хрватска и Босна и Херцеговина. Додуша, не може да се споредат тие два случаи во целост, но и тие од ДДР, а и тие од Хрватска и БиХ, како и најголем број од денешните случаи, тие всушност бараа спас.

Тоа што секако не придонесува во разбирањето на бегалците кои доаѓаат од Сирија, Авганистан, Либија и други земји е однесување на фанатици кои на сила или со закана со смрт го загрозуваат животот и материјалните и другите добра на тие кои доаѓаат.

По терористичкиот напад во Берлин, како и потесувањето на настаните во Келн минатата година, со посебна претпазливост, со големи мерки за безбедност и заштита, се очекуваше новогодишната ноќ. Имено, во многу градови се подготуваат дочеци за Новата година на отворено, на плоштадите, со голем број на луѓе. Поради тоа засилени беа безбедносните мерки и предупредувањата на граѓаните за дополнителна будност.

Всушност, една од целите на терористите е и желбата за разбивање на традициите на граѓаните и избегнување на собири за дочек на Новата година на отворено. 

Тоа што посебно ги збунува германските граѓани со кои разговарав овие денови е чувството дека германските тајни служби, посебно БНД (Сојузната разузнавачка служба), е шуплива како швајцарско сирење и всушност е одговорна за сегашните пропусти во спречувањето на досегашните инциденти.

Не им е јасно како е можно еден осомничен како што беше Анис Амри да може да помине вооружен преку три држави, во време на засилени контроли на „обичните” патници на граничните премини, со што всушност т.н. Шенгенска граница привремено е суспендирана.

Досега никој од тие кои се одговорни за безбедноста на граѓаните и нивните имоти не покажа ни ронка лична одговорност и не понуди оставка на функцијата која ја врши. По тоа се исти со некои наши политичари и функционери.

На крај за нешто што и во германските и во нашите медиуми помина речиси незабележано. Рускиот претседател Путин во своето обраќање по убиството на рускиот амбасадор во Турција, најави дека Русија поради овие загрозувања мора да го засили својот нуклеарен потенцијал. Не поминаа неколку часа, а новиот американски претседател Доналд Трамп му одговори со иста мерка, дека и САД ќе го зајакнат својот нуклеарен потенцијал.

Покрај овие двајца, денешните настани се навистина детска работа, се додека и терористите не добијат нуклеарно оружје. Каде всушност оди овој свет? Одговорот може да го донесе 2017 година, во која ви посакувам МИР, СРЕЌА, ЉУБОВ, ЗДРАВЈЕ и пред се РАЗУМ на оние кои го водат овој свет!