Свет
13. April 2016 - 21:25

Германија минатата година депортирала 60 отсто повеќе мигранти отколку во 2014 година

Германија минатата година депортирала 60 отсто повеќе мигранти отколку во 2014 година, соопшти денеска германската Влада.

Минатата година 22.369 лица биле присилно вратени во земјите од каде потекнуваат, додека таа бројка во 2014 година изнесувала 13.851.

Во првите два месеца од годинава речиси 4.500 луѓе се вратени, што е двојно повеќе отколку во јануари и февруари минатата година.

Германија лани примила рекордни 1,1 милион мигранти и бегалци.

Бројот на азиланти, кои доброволно ја напуштиле Германија, исто така, е зголемен, од 13.573 во 2014 година на 37.200 минатата година.