-->
-->
Германија: Меркел сака голема коалиција
-->
Христијанско- демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел доцна синоќа одлучи дека сака само коалиција со социјалдемократите (СПД), отфрлајќи ја можноста за малцинска влада.
По четиричасовниот состанок на раководството на ЦДУ, премиерот на Шлезвинг-Холштајн, Даниел Гинтер изјави дека претседателството на партијата едногласно се изјасни за разговори со социјалдемократите (СПД).
Целта е одржлива влада со парламентарно мнозинство.
-Тоа е голема коалиција, рече Гинтер.
По неуспешните разговори за т.н. Јамајка коалиција со ФДП и Зелените, ЦДУ се потпира на сојузот со социјалдемократите.
Оваа недела, претседателот, Френк Валтер Штајнмаер, планира да разговара со лидерите на сите парламентарни клубови во Бундестагот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата