Германија лани депортирала 620 деца без придружба
Германската влада објави дека минатата година од земјата присилно или доброволно протерала вкупно 620 малолетни мигранти без придружба. Според германските медиуми најголем дел од децата кои што не ги исполнуваат критериумите за добивање азил се од Авганистан (275), Сирија (58), Еритреја (39 и од Ирак (36) пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Весникот „Рајнише Пост“ цитира извори во германската влада според кои ниту еден од протераните не можел да ги исполни критериумите за добивање заштита во земјата. Лани во Германија живееле 45,224 малолетници без придружба од кои 89 отсто добиле азил. Над 98 од сириските и 71 процент од ирачките малолетници во земјата добиле заштита од германските власти. Најголем процент на одбиени малолетници без придружба кои што бараат азил во Германија има кај малолетните баратели на азил без придружба од Мароко која се смета за безбедна земја и од Либија.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење