Свет
20. јуни 2017 - 12:15

Германија ќе уништи 35 тони фиџет спинери

Германски цариници во градот Франкфурт конфискуваа големо количество парчиња од популарната играчка фиџет спинер, со вкупна тежина од 35 тони.

Според германските медиуми, властите планираат во следните денови да почнат акација за уништување на овие играчки, кои во Германија пристигнале со неколку пратки од Кина.

Оваа популарна играчка предизвика внимание во јавноста, откако повеќе експерти предупредија дека таа може да претставува закана за помали деца, кои би можеле да проголтаат делчиња што може да отпаднат од неа.  

Според претставничката на Царината Кристин Штраус, играчките ќе бидат уништени затоа што не постоела соодветна документација за нивниот увоз.