Бизнис
22. March 2017 - 18:04

Германија ќе понуди повеќе пари за буџетот на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел најави дека неговата земја би можела да понуди повеќе пари за заедничкиот буџет на Европската Унија.

Во текст кој го објавува денешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ Габриел вели дека „инвестицијата во Европа е инвестиција во нашата иднина“, јавува дописникот на МИА од Берлин.

- Секое евро кое го ставаме во буџетот на ЕУ се враќа назад неколку пати, директно или индиректно, вели шефот на германската дипломатија од редовите на Социјалдемократите.

Германија е најголем донатор во заедничкиот буџет на ЕУ но според Габриел некои земји членки како Шведска и Холандија даваат повеќе пари за унијата ако се пресметува по глава на жител на земјите членки.