Свет
12. May 2020 - 10:40

Германија ќе издвои 750 милиони евра за вакцина против Ковид-19

Германската Влада стави на располагање 750 милиони евра за да го забрза процесот на   производството и развој на вакцина против новиот коронавирус.

Германската министерка за образование и развој, Ања Карлицек, истакна дека речиси 500 милиони евра од буџетот ќе бидат наменети за научни студии и испитувања за вакцината, додека 250 милиони евра ќе бидат наменети за проширување на производствениот капацитет во Германија.

Голем број универзитети и компании ширум светот, вклучувајќи ја и Германија, брзаат да развијат вакцина против Ковид-19, што е предизвикан од пандемијата.

Научниците од САД и Велика Британија идентификуваа стотици мутации на коронавирус, што ја предизвикуваат болеста Ковид-19, но никој се уште не утврди што тоа ќе значи за ширење на вирусот меѓу популацијата и колку ќе биде ефективна вакцината.

Во Германија, повеќе од 170.000 луѓе се заразени со новиот коронавирус, а најмалку 7.484 лица починаа од почетокот на епидемијата.