Свет
6. January 2016 - 15:11

Германија ќе испрати 650 војници во мировната мисија во Мали

Германската Влада ги одобри плановите за испраќање на 650 војници во Мали во рамки на мировната мисија на Обединетите нации во западноафриканската држава.

Германија исто така ќе го зголеми и бројот на нејзините војнци, кои ги обучуваат курдските сили „пешмерга“ во северен Ирак од сто на 150.

Поголемиот дел од германските војници, кои ќе заминат за Мали следните недели ќе бидат распоредени во северниот дел на земјата, каде зачестија исламистичките напади. Тие ќе работат заедно со холандските сили, кои имаат воен камп во градот Гао, ќе извршуваат разузнавачки мисии и ќе обезбедуваат логистичка поддршка. 

Се очекува Бундестагот да донесе одлука за двете мисии на крајот на овој месец.