Германија ја надминала бројката од еден милион примени бегалци
Германија ја достигнала бројката од еден милион бегалци во 2015 година, објави министерот за социјална работа на федералната држава Баварија каде што пристигнуваат најголем број од бегалците во земјата.
Според претставник на баварскиот Совет за бегалци Штефан Дунвалд Германија за една година примила повеќе бегалци од што САД примиле во последниве 10 години и повеќе од сите други 27 земји-членки на ЕУ. Германските власти предходно објавија дека во земјата влегле 965.000 бегалци, а се уште се утврдува дали некои од нив се регистрирани повеќе пати. Бројот на нови бегалци регистрирани само во ноември е 206.000.
Од вкупниот број барања за азил сеуште не се одговорени околу 355.000, а најголемиот број бегалци, околу 700.000, во Германија пристигнале преку така наречената „Балканска рута“ која тргнува во Турција и преку Грција, Македонија и Србија пристигнува во земјите членки на ЕУ. Меѓу мигрантите од така наречените безбедни земји (Балканот) кои што немаат право на автоматско добивање статус на бегалци меѓу првите пет земји на потекло, најбројни се граѓаните на Албанија и Косово, објави претходно Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО