Свет
3. September 2015 - 9:11

Германија, Италија и Франција бараат праведно распоредување на имигрантите во ЕУ

Италија, Франција и Германија потпишаа заеднички документ со повик за праведна распределба на имигрантите меѓу земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска италијанското Министерство за надворешни работи. 

Документот беше потпишан од министрите за надворешни работи на трите земји, Паоло Џентилони, Лоран Фабиус и Франк Валтер Штајнмаер и е адресиран до високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. 

- Неопходно е да се преразгледа содржината  и реализацијата на постоечкиот систем за давање азил, создаден пред 25 години, се наведува во документот.

Тројцата министрит нагласуваат дека сегашната криза со мигрантите јасно ги покажува ограничувања и недостатоците на правилата за давање азил. 

Тие се обратија со молба до Могерини документот да биде разгледан на неофицијалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург на 4 и 5 септември.