Германија истражува кој се заканувал со уривање на авион на „Ер Берлин“
Германските власти започнаа истрага со цел апсење на човекот кој се заканил дека ќе урне авион кој сообраќа на летот АБ6306 на линијата Минхен-Хамбург, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според германските медуми, авионот од типот „Ербас А320“, што летал за Хамбург бил во воздух кога полицијата во Минхен примила електронска порака со закана за поставена бомба.
Пораката, која според полицијата во Минхен, претставува реална закана била потпишана со: „Исламски Калифат Европа“.
Авионот на компанијата „Ер Берлин“ по безбедното слетување во Хамбург синоќа бил паркиран на посебна локација, а привремено бил запрен авиосообраакот над Хамбург, потврди портпаролот на Германската авио контрола Аксел Рааб.
Според портпаролката на „Ер Берлин“, Тереса Крин заканата била примена многу сериозно од страна на компанијата и властите.
Германската федерална полиција ги проверила багажот и патниците, а леталото било прегледано и од специјално обучени кучиња, но во авионот не биле пронајдени траги од експлозив или бомба.
Првичните информации за заканата до јавноста дојдоа преку објави на патниците преку социјалните мрежи, откако тие забележале дека се вршат интензивни проверки на авионот по слетувањето во Хамбург.
Пред околу два месеци припадници на Исламската држава на интернет објавија видео пораки со закани за терористички напади на кои покрај други цели беше посочен и аеродромот во Келн.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово