Свет
6. April 2017 - 10:05

Германија испитува 20 Турци поради наводно шпионирање

Германските власти испитуваат 20 турски граѓани поради сомнеж дека вршеле шпионирање во Германија.

- Моментно испитуваме 20 осомничени лица дека работеле како агенти на тајна служба за турската Влада, соопшти германската Влада.

Западните медиуми потсетуваат дека тензиите меѓу Турција и Германија се зголемени, откако германските власти им забранија на турските министри да се обратат на собирите за референдумот за уставни промени, со кои ќе се прошират овластувањата на турскиот претседател.