Фудбал
6. October 2017 - 12:16

Германија и Англија се пласираа на Мундујалот во Русија

Фудбалските велесили Германија и Англија се пласираа на Светското првенство во Русија следната година по претпоследното коло во нивните квалификациски групи.
 
Светските шампиони Германците стигнаа до лесна гостинска победа од 3:1 над Северна Ирска, за да го обезбедат првото место во групата Ц, но и домаќините имаат причини за славје, бидејќи го имаат сигурно второто место во групата, со што одат во бараж-натпреварите. Себастијан Руди ја најави победата со гол уште во втората минута од натпреварот, додека Сандро Вагнер во 21. минута зголеми на 0:2, за клуч на мечот да постави Џошуа Кимих со гол во 86. минута.