Свет
18. March 2020 - 18:01

Германија го суспендира договорот за прифаќање бегалци од Сирија поради Ковид-19

Германија, во Согласност со одлуката на Европската унија за затворање на надворешните граници, одлучи да го суспендира договорот со Турција за прифаќање бегалци од Сирја, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на Министерството најави дека германската Влада е подготвена да продолжи со примената на договорот за прифаќање бегалци од Сирија откако за тоа ќе се „стекнат неопходни услови“.