Германија го осуди најновото истрелување на севернокорејската ракета
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го осуди денеска најновото тестирање на балистичка ракета, извршено од Северна Кореја, порачувајќи дека Берлин ги поддржува напорите на САД да се убеди Пјонгјанг да се врати на преговарачка маса.
Габриел, кој подоцна денеска ќе се сретне со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Вашингтон, истакна дека е загрижен од „бруталното“ кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и меѓународното право од страна на Северна Кореја.
Тој ги поздрави повиците за одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН, со цел да се разговара за начините за намалување на „опсниот застој“ со Пјонгјанг.
- Во оваа ситуација е најнеопходно светската заедница ригорозно да ги спроведува постоечките санкции, кои имаат за цел да ја убедат Северна Кореја да ја прекине својата илегална ракетна и нуклеарна програма, нагласи шефот на германската дипломатија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека сите опции за одговор на Северна Кореја се наоѓаат на маса, откако Пјонгјанг истрелал балистичка ракета над Јапонија.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање