Свет
16. March 2020 - 8:34

Германија ги затвора границите кон некои земји

Поради новиот коронавирус Германија денеска во осум часот ќе ги затвори своите граници кон Авсрија, Франција и Швајцарија, објави германксиот дневен весник „Билд“.

Мерката предвидува зголемена контрола на границите и враќање на странските државјани, кои доаѓаат од соседните земји.

Превозот на стока помеѓу Германија и и соседите нема да биде запрен.

Луѓето кои работат во пограничните региони ќе можат да ја поминуваат границата, но со ќе бидат подложени на контрола.