Германија ги спушта тензиите со Кина
Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел, кој се наоѓа во посета на Пекинг, се обиде да ги намали тензиите во односите на Берлин со Кина.
Иако пред заминувањето за Пекинг, тој и други германски претставници упатија остри критики за политиката на Кина, која сака да купува стратешки компании во Германија, но го огранилува инвестирањето во кинески фирми, Габриел сега упати помирливи тонови кон своите домаќини.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тој од Кина побарал да ги одстрани сите правни пречки при купување на кинески фирми од страна на германски компании, но притоа искажал разбирање дека процесот на отворање на кинескиот пазар за странски инвеститори ќе трае подолго, јавуваат германските медиуми
- Не можеме да очекуваме дека отворениот пазар ќе се случи преку ноќ, изјави Габриел на прес-конференција во градот Шенгду каде Германија е „почесен гостин“ на меѓународен саем.
Германскиот вицеканцелар се надева дека ќе дојде до проширување на германско-кинеските економски односи и ги поздравил зголемените инвестиции на Кина во Германија.
По предупредувањето од страна на америакнските разузнавачки служби, германската Влада пред десетина дена ја запре продажбата на кинески инвеститори на компанијата за индустриски машини „Аикстром“, која според САД, Кина ќе ја користи за воени цели.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо