Свет
14. October 2015 - 19:48

Германија ги предупредува Вашингтон и Москва да избегнат судир во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска предупреди на опасноста од избувнување на американско-руски судир околу Сирија.

Штајнмаер, кој деновиве ќе ги посети Иран, Саудиска Арабија и Јордан, истакна дека сака „итно да ги предупреди САД и Русија да не се ангажираат воено на начин кој на крајот би довел до конфликт“ меѓу нив.

САД и Русија изведуваат одвоени напади врз позиции на терористите во Сирија, а неодамна два авиона, еден американски а другиот руски, беа на многу блиску растојаните на небото над Сирија.

Тој додаде и дека е потребно да се работи на градење на мостови меѓу Иран и Саудиска Арабија за на крај сите регионални партнери да бидат на маса.