Германија ги повика европските земји да најдат решение за имигрантската криза
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер-Штајнмаер ги повика европските земји да пронајдат заедничко решение за имигрантската криза, јави ДПА.
- Германија веќе прифати 600.000 бегалци од почетокот на годината и секој ден пристигнуваат до 10.000 лица, наведе Штајнмаер во обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Германскиот министер предупреди дека во таква ситуација неговата земја нема да биде во состојба да се справи сама со ситуацијата.
- Имаме потреба од европско решение заедно со нашите европски соседи, рече Штајнмаер.
Тој повика за зајакнување на притисокот со цел уредување на конфликтот во Сирија, една од главните причини за приливот на бегалци, и поконкретно за излез од дипломатскиот ќорсокак по тоа прашање.
- Сега е неопходно Русија да преземе политички дејствија за одржување транзиција во земјата, истакна тој.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот