Бизнис
20. December 2018 - 15:45

Германија ги отвори вратите за работниците од Балканот: Ова се условите за вработување во посакуваната земја

Работниците од целиот Балкан, нестрпливо го чекаа усвојувањето на новиот закон за вселување на квалификувана работна сила во Германија.

Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер и министерот за економија и труд Петар Алтмајер соопштија за што се работи.

Проблемот на Сојузна Република Германија е јасен - германското стопанство трпи огромни загуби поради недостатокот на квалификувана работна сила. Енормна е бројката на работни места кои остануваат непополнети, зошто луѓето од земјите од третиот свет со месеци чекаат да добијат дозвола за работа во Германија.

Сите кои очекуваа дека за работа во Германија ќе им треба само пасош и билет во еден правец гадно се излажаа. Меѓутоа, постојат и радосни вести. Она што ги мачеше сите работници е долгото чекање за добивање визи, а токму сега процесот за добивање на визи во амбасадите ќе биде поедноставен.

Постојат два основни критериуми според кои Германија ќе се води. Првиот е дека работни дозволи и визи ќе добијат само квалификувани работници, а второ, грешките направени во средината на шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век не смеат да се повторат.

Затоа, утврдени се одредени критериуми и мора да се почитуваат.

Исто така како еден од главните услови покрај квалификациите е познaвањето на германски јазик за полесно приспособување кон општеството.

Потребно е работно искуство од 18. месеци и потврда за неосудуваност, како и јасна потврда за идентитетот.