Свет
1. December 2016 - 13:35

Германија ги контролира товарните возови од Австрија поради мигрантите

Германската полиција соопшти дека почнала да ги контролира товарните возови кои влегуваат во Германија од Австрија, откако последните недели десетици мигранти влегле во земјата со возови.

Полициските контроли започнале денеска во Раублинг, јужно од баварскиот град Росенхејм, на железничка линија која пристигнува од западниот дел на Австрија и Италија.