Свет
25. April 2018 - 10:59

Германија донира уште една милијарда евра за Сирија

Германија вети една милијарда евра помош за Сирија  и сириските бегалци во соседните држави.  

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас ја вети помошта при пристигнувањето на донаторската конференција  за Сирија и поширокиот регион вчера во Брисел, организирана од ОН и ЕУ.  

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе даде дополнителни 300 милиони евра во втората половина од годината.

Германија од 2012 година има донирано 4,5 милијарди евра помош за Сирија.