Живот
30. September 2018 - 12:58

Германец украл морска вода од Италија, па горко зажали: Го приведе полицијата и парично го казни!

Германец, кој овие денови бил на плажа во близина на Трст во својот камион натоварил 24.000 литри морска вода, е приведен од локалната полиција по дојава од граѓани. Тој е казнет со 1.549  евра, а „украденото“ море морал да го врати во заливот во Трст.

Полициајта открила дека 48 годишниот германски државјанин кај населбата Баркола, близу дворецот Мирамаре во својот камион неовластено од Јадранското море испумпал 24.000 литри вода.

Германецот при испитувањето признал во полиција дека морската вода сакал да ја превезе во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.