Живот
2. September 2015 - 13:43

Германец со 253 километри на час „дивееше“ по автопат

Хрватската полиција „фати“ Германец кој на автопатот Загреб-Сплит, возел со брзина од 253 километри на час, за малку двојно над најголемата дозволена брзина, јави Хина.

Со уредот за мерење на брзина утврдено е дека вчера попладне возел дури 123 километри на час побрзо од дозволените 130 километри на час, прецизира денеска личко-сењската полиција.

Странецот е казнет финансиски и со забрана на возење во Хрватската наредните три месеци.