Свет
11. January 2017 - 19:00

Германците се повеќе бараат дозволи за оружје за лична одбрана

За речиси шест пати е зголемен бројот на баратели на дозволи за поседувањње и носење на оружје за лична одбрана, објавува весникот Берлинер Моргенпост. Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, за разлика од 545 барање поднесени во покраината Брандербург заедно со градот - покраина Берлин во 2015 година, во минатата година,дури 3.420 луѓе побарале дозвола за поседување огнено оружје.

Според весникот, најголем број на дозволите минатат годинна биле побарани во јануари и февруари, кога во земјата влегоа најголем број на бегалци.

Весникот цитира извори во федералното Министерство за внатрешни работи, според кое бројот на барања за дозволи на ниво на цела Германија е зголемен за 60 отсто споредено со 180 илјади барања во 2015 година. Во оружје за самоодбрана спаѓаат пиштоли за сигнализација, гасни пиштоли и средства кои што не можат да предизвикаат повреди со смртни последици.