Loading Video...
Свет
3. May 2020 - 16:58

Германците излегоа на улица и покрај забраната за јавни собири

Германците излегоа на улица и покрај забраната за јавни собири за повеќе од 20 луѓе. Во повеќе градови во земјата, демонстрантите протестираат против мерките на владата воведени поради ширењето на коронавирусот.  Реагираат дека им се повредени основните човекови права. Бараат да се отворат границите.
Во Берлин повторно дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, бидејќи оние кои дошле не ги почитувале  мерките за оддржување дистанца и собир до 20 луѓе.Приведени се неколку лица.
Најголем протест се оддржа во Штутгард, каде излегоа околу 5 000 граѓани. Но во овој град, според полицијата, протестите се одвиваат мирно. Демонстрантите оддржуваат дистанца, на места обележани за стоење. Но најголем дел од нив не носат маски.
Германија неодамна ги ублажи мерките, дозволувајќи да се отворат малите продавници. Но дали Германците ќе одат на одмор во странство, засега е неизвесно.Политичарите остануваат на ставот дека не треба да се отворат границите а се пшротив и укинувањето на забраната за патување. 
Во Германија има околу 165 000 заразени и над 6 000 починати лица. 
Деновиве протестираа и Словенците. Тие реагираат дека власта ја користи ситуацијата со коронавирусот  за ограничување на човековите права и слободи. А претходно своето незадоволство го изразија и Американците, потенцирајќи дека не сакаат да седат во карантин. САД и понатаму е најголемото жариште во светот, со над еден милион заразени и иколу 68 000 починати лица.