Свет
10. August 2015 - 9:12

Германците депортираат 94 илјади азиланти од Балканот

Германија ќе протера 94 илјади баратели на азил од Балканот и ќе им забрани повторно влегување на нејзина територија, изјави претседателот на Сојузната канцеларија за миграции и бегалци, Манфред Шмит во интервју за „Велт“. 

Причината за оваа одлука е тоа што балканските земји се прогласени за безбедни во однос на политичко протерување и тоа што претежно станува збор за економски, односно социјални доселеници.

- Речиси сите тие со решението за одбивање на азил ќе добијат и известување за забрана за повторно влегување и престој во Германија, вели Шмит. 

- Позадината на овие мерки е реформа на германскиот закон за престој и дека само на оние кои се добро интегрирани и кои имаат дозвола за престој им е дозволено и понатаму да останат во Германија, изјави Шмит, кој смета дека на барателите на азил треба да им се укине месечниот џепарлак од 143 евра.