Македонија
14. May 2022 - 15:26

Герила акција: Народната мудрост посилна од лажните вести

Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – герила акција против лажните вести

Денеска на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија. 

Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението. 

Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации и ги соочија со пет народни мудрости. 

АСНОМ е избришан од Уставот - Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци - На лагата и се куси нозете, а долги опашките!

Путин ја ослободува Украина од фашизмот - Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти - Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!

За само две недели ова ќе ви го промени животот - Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!