ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија
Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) освои 32,5 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, покажуваат првите резултати од Изборната комисија по пребројани 89 отсто од гласовите.
Според досега преброените гласови, ГЕРБ ја има довербата на 32,58 отсто, што значи за оваа партија гласале малку над 1,041 милиони избирачи, со што би имале 96 пратенички места.
Бугарската социјалистичка партија (БСП) освои 26,82 отсто или 79 пратеници.
Потоа следуваат „Обединети патриоти“ со 9,17 проценти од гласовите или 27 пратенички места. Четврта политичка сила во земјата е етничката турска Партија на права и слободи со 8,93 отсто, односно 26 пратеници и петтата партија која ќе има своите претставници во бугарскиот парлмент е „Волја“ на бизнисменот Веселин Марешки, која го мина цензусот од 4 отсто и, според досегашните резултати, освои 4,11 отсто од гласовите и најверојатно ќе освои 12 места во парламентот.
Конечните официјални резултати се очекуваат в четврток.
Лидерот на БСП Корнелија Нинова го призна поразот и честиташе на победата на партијата на Борисов, дополнувајќи дека нејзината партија ќе се обиде да формира влада, доколку ГЕРБ не успее.
- Сакаме да им честитаме на победниците, ГЕРБ. Доколку тие не успеат да формираат влада, а ние го добиеме мандатот, ќе се обидеме да формираме Влада со цел да ја осигураме безбедносна на земјата, потенцираше Нинова.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж