Македонија
18. October 2021 - 14:12

Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Горан Герасимовски, им се заблагодарува на сите граѓани од општина Центар кои му ја дадоа поддршката и довербата во првиот круг на Локалните избори 2021 година.

-Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е завршена. Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа, рече тој.

Герасимовски испраќа и порака дека остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да се пренесе пораката дека Центар останува демократска, напредна и силна општина.

-Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите, порача Герасимовски.