Спорт плус
27. July 2021 - 9:29

Георгиевски се пласираше во полуфиналето во таеквондо на Олимпијадата во Токио

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Токио.

Македонецот утрово во категоријата +80 го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4.

Воведните две минути поминаа во тактичка борба и без освоен бод на двете страни. Борбата се разгори во втората рунда која ја доби македонскиот претставник со 3:1. Во третата рудна Георгиевски доминираше и стигна до триумф.

Следен противник на Георгиевски е Ин од Кореја. Оваа борба е закажана за 9:45 часот по македонско време.