Македонија
27. July 2021 - 13:56

Георгиевски пред големото финале: Дојден сум по злато, одиме до крај, Македонија е голема | ВИДЕО

„Сакам да се заблагодарам на сите за огромната поддршка, како што најавив дојден сум тука во Токио по златен медал, свесен сум дека ова е најголем македонски успех откако е независна Македонија, одиме до крај Македонија е голема“, кажа Георгиевски пред финалето.

За противник во финалето Георгиевски ќе има претставник од Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин, а оваа борба на програмата е заканажна за 14.45 по македонско време.