Ракомет
16. January 2016 - 19:58

Георгиевски: Полска ќе има помош од публиката

Во добра атмосфера македонската репрезентација го почна вечерниот тренинг, а десното крило Гоце Георгиевски, кој постигна 4 голови со Франција истакна:
-    Најдобро е да го заборавиме дуелот со Франција. Видовме како помина натпреварот. Полска е нов предизвик. Ќе биде тежок меч. Ќе имаат помош од публиката на домашен терен имаат големи амбиции се надеваат и за медал.
Ако Србија можеше да извлече поволен резултат со нив значи со Полска може да се игра и да ја повториме играта за поволен резултат.
 
Од Краков,
Марјан Ников