Георгиевски: Отворање на граничниот премин Клепало кон Бугарија
Коалицијата ВМРО за Македонија денеска пред граѓаните на Берово ја презентираше својата изборна програма.
Лидер на ВМРО НП Љупчо Георгиевски истакна дека прв приоритет во нивната програма за Берово е отворање на граничниот премин Клепало со соседна Бугарија.
- Во Берово е непоправлив фактот дека веќе 15 години откако го направивме патот за соседна Бугарија, сѐ уште овој пат е на слеп колосек, пат кој не завршува никаде и не продолжува за Бугарија. Тоа ќе биде наш прв приоритет, да се отвори граничниот премин за Бугарија што ќе отвори многу можности и ќе донесе повеќе туристи и гости во Малешевијата, потенцираше Георгиевски.
Тој ги потсети граѓаните на Берово дека во мандатот додека тој бил премиер, немало ни едно евро од казни на малите и средни фирми.
- Им ветуваме на граѓаните дека ќе ја вратиме нашата економска политика. Сакам да ги постетам граѓаните на Малешевијата на периодот од 1998-2002 кога се градеше низ цела Македонија, во Берово и Делчево и колку работи се направија по селата. Во таа насока ќе биде и нашата политика, која заедно со едно ослободување на бизнисот ќе донесе добри резултати, рече Георгиевски.
Љубе Бошковски истакна дека оваа Коалиција има јасна визија за иднината на Македонија. - Знаеме како да ја вратиме Македонија од погрешниот пат по кој тргнала. Ние сакаме Македонија да ја кренеме на нозе и да направиме од неа пристојно место за живеење, рече Бошковски.
Носителот на кандидатската листа за пратеник во третата изборна единица од Коалицијата ВМРО за Македонија, Стојанче Ангелов, потенцираше дека ќе се бори за правата на бранителите, полицајците и припадниците на АРМ.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри