Георгиевски: Гоце Делчев пишувал на бугарски јазик, тоа во Македониjа е тајна
Гоце Делчев пишувал писма на официјален бугарски јазик. Тогаш секој знаел да пишува бугарски, а тоа во Македонија е тајна. Никаде не е напишано, никаде не е дискутирано. Се поставува прашањето зошто тоа е скриено, изјави Љупчо Георгиевски на гостувањето на емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“.
Според него решавањето на прашањето со Бугарија за јазикот се решава преку индиректни позиции и историјата помеѓу Бугарија и Македонија во 19 и 20 век не е така црна како што се претставува.
„Што е проблем да кажеме дека во времето на Османлиската империја, во сите македонски организации официјален јазик за користење бил бугарскиот. Тогаш секој знаел да пишува бугарски. Тоа е тајна во Македонија, никаде не е напишано, дискутирано. Тука е проблемот, ако го криеш, се поставува прашањето зошто го криеш. Арапскиот јазик е официјален во Турција до реформите на Ататурк. Турците тоа не го кријат денес. Треба да си признаеме, да биде еден вовед, замена за бугарската теза. До пред кодифицирање на македонскиот јазик, македонската интелигенција официјално го користи бугарскиот јазик. Отвораш еден документ на ВМРО, сите се напишани на официјален бугарски јазик. Значи сите тие, писмата на Гоце Делчев, независно, сите писма на Делчев се на официјален бугарски литературен јазик“, изјави поранешниот премиер на државата.
Ново на Сител
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила