Македонија
17. April 2018 - 17:17

Георгиадис: Нема да има решение на спорот за името

Грчката опозиција тврди дека нема да има никаков договор со Македонија за решение на спорот за името. Потпретседателот на Нова Демократија, Андонис Георгиадис вели дека целиот процес на разговори е само игра на Ципрас и дека до договор нам да се дојде.
 
- Јас сум од оние политичари што уште на почетокот го истакнав моето мислење дека нема да постои никаков договор со Скопје и губиме многу време играјќи ја играта на Ципрас. И сето она силење од Каменос дека нема да гласа, е со сигурност, затоа што знае дека нема да дојде никаков договор, изјавил вториот човек на опозицијата во Грција.
 
За него сосема е јасно и зошто нема да има доовор, а причината ја лоцира во опсегот на употреба на новото име, за кое вели дека нема да биде Ерга Омнес, а тоа само по себе значи дека нема да помине во грчкиот парламент.
А токму опсегот на употреба и уставните иузмени се и двете клучни прашања во анализата на Катимерини, насловена како  Замор во спринтот за скопското прашање.
 
Она што, според „Катимерини“, веќе ја загрижува Атина е почнатиот процес на меѓусебно префрлање на вината, доколку не успеат преговорите. Токму затоа Грција „работи на создавање услови за продолжување на разговорите“.
 
Весникот коментира дека премиерите на двете земји се решени да одат напред за да се реши спорот, а меѓу Заев и Ципрас постои „директен канал на комуникација, иако до сега бил активиран само неколку пати“.