Генимата повика Македонија да не добие сега покана за членство во НАТО
Лидерката на Движењето за промена, Фофи Генимата, преку интервју за грчката телевизија Алфа упати повик Македонија сега да не добие покана за членство во НАТО, туку откако ќе се завршат сите обврски предвидени во Договорот.
- Јас сакам, па дури и сега, во последен момент, да упатам повик, да не постои сега покана за Скопје. Да има одлука дека ќе бидат повикани со завршувањето на процесот што треба да го завршат. Но, да не се даде поканата сега, бидејќи ќе се најдеме пред свршен чин. Нашата земја не треба сега да ги даде сите нејзини адути, без да бидеме сигурни дали другата страна ќе успее да ги заврши сите обврски што ги има преземено, рече Генимата во интервјуто.
Претседателката на Движењето за промени смета дека постои простор, па дури и во последен момент за подобрување на Договорот од Преспа и објасни дека нејзината партија, уште од прв момент истакна две работи поради кои не можат да го поддржат решението меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
- Прво е опасноста да се најдеме пред свршен чин во врска со НАТО и сега е критичниот момент. Второ, дека секако постои сложено име со географска одредница, но реално не постои ерга омнес, кога владата дава македонска националност и македонски јазик. Овие работи, сами по себе го задржуваат јадрото на иредентизмот, а со тоа, не затвораат стари сметки, туку отвораат нови. Овие се опасностите и затоа предупредуваме. Постои простор за подобрување на Договорот. Пред нас е средбата во НАТО, пред нас е ревизијата на Уставот во Скопје, истакна Генимата за грчката телевизија Алфа, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање